Home Актуелно Филипче: Ја добивме првата битка со коронавирусот, да ја држиме ситуацијата под контрола

Филипче: Ја добивме првата битка со коронавирусот, да ја држиме ситуацијата под контрола

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера до македонската јавност апелираше: „Ја добивме првата битка со коронавирусот. Само ако сме сите совесни и одговорни ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола“, притоа укажувајќи дека враќањето на животот во нормала ќе се одвива постепено, внимателно и со задолжително почитување на мерките за заштита.

Оптимизмот на министерот се должи на тоа што во изминатите денови поголем е бројот на оздравени од новопотврдени на КОВИД-19 (вчера 44 наспрема 13), како и поради добрата состојба на пациентот кој 12 дена беше на респиратор во ГОБ „8 Септември“.

Тој е прв во државава од почетокот на епидемијата кој е исклучен од машина и сега може самостојно да дише. Добрата здравствена состојба на 38-годишниот пацинет вчера ја потврди и директорот на болницата, Христијан Костов.

Во вчерашната евиденција на Министерството за здравство во поминатите 24 часа имаше и двајца починати – 55-годишен пациент од Прилеп, кој во ГОБ „8 Септември“ бил хоспитализиран на 22 април и 13 дена приклучен на респираторна машина, а во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај, кај кого посмртно било потврдено присуство на вирусот.

Од почетокот на епидемијата во земјава КОВИД-19 е потврден кај 1539 лица, оздравени се 1057 и починати 88. Активни случаи има 394. Една третина од вкупниот број заразени (515) се во Скопје, а следна општина по број на дијагностицирани е Куманово со 402. Случаи со потврден вирус има во уште 26 градови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…