Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерот за здравство, Венко Филипче, и Илир Хасани нема да сносат одговорност. Одлуката ја донесе премиерот Зоран Заев од пред портите на Илинденска. Заев рече оти читајќи го првичниот извештај на ОЈО не видел причина за морална одговорност кај првите луѓе во здравство за огнената стихија во тетовската модуларна болница.
По завршување на пресот на Заев, во штабот на ВМРО-ДПМНЕ вонредна прес конференција . опозиционерите бараат одговорност од Заев и Филипче. Обвинија – наместо одговорност и етика СДСМ и ДУИ ја спасуваат коалицијата.
Веднаш по катастрофалниот пожар на 8ми септември, кога модуларната болница изгоре за неколку минути, по еден ден се огласи министерот Филипче на прес кој кажа дека нема да понуди оставка се додека не заврши истрагата, се предомисли па следниот ден во кратко обраќање без присуство на новинари понуди оставка која не беше неотповиклива. Истрагата продолжува но со тоа и прашањето дали некој ќе сноси кривична одговорност.