ФИФА отвори истрага за тоа како ликови од типот на Салт Бае и други поединци имале пристап до шампионскиот пехар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ФИФА отвори истрага за тоа како славниот турски готвач Нусрет Гокче, попознат како „Солт Бае“ добил можност да излезе на теренот по епската победа на Аргентина над Франција во неделата, што преставува прекршување на протоколот.

На веб-страницата на светската фудбалска организација, трофејот е опишан како „еден од најголемите симболи во спортот“ кој „може да го допре и да го држи само многу избрана група на луѓе, која вклучува поранешни победници на Светското првенство на ФИФА и шефови на држави“.

ФИФА соопшти дека „утврдува како поединци добиле несоодветен пристап до теренот по церемонијата на затворање на стадионот Лусаил на 18-ти декември“.

Во соопштението се додава дека штом ќе заврши истрагата, „ќе бидат преземени соодветни внатрешни активности“.