Home Спорт Марчињак со една фотка им ги затвори устите на Французите

Марчињак со една фотка им ги затвори устите на Французите

Симон Марчињак кој го судеше финалето на Светското првенство доби критики од Французите, поточно од „Л’Екип“ кој објаснуваше дека голот на Меси за 3:2 треба да биде поништен затоа што двајца Аргентинци од клупата влегле на теренот.

Марчињак за судењето доби и големи пофалби, меѓу оние кои го пофали беше и легендарниот Пјерлуиџи Колина. На обвинувањата на „Л’Eкип“ Марчињак одговори само со една фотографија.

„Французите многу зборуваат за тој момент, а не сакаат да ја објават оваа фотографија каде што може да се види како седум фудбалери на Франција се на теренот кога Мбапе постигнува гол“, изјави Марчињак покажувајќи ја фотографијата.

Истакна дека дури и Килијан Мбапе му признал дека добро си ја завршил работата.

„Големи судиски имиња и мои пријатели од Франција ми честитаа за судењето. Дури и Мбапе на сите ни кажа дека сме одлични судии и за него се беше одлично одработено“, изјави полскиот арбитар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…