ФИФА донесе одлука – Мудијалот 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светската куќа на фудбалот (ФИФА) на денешната седница донесе одлука Северна Америка да биде домаќин на Мундијалот 2026 година.

Три земји ќе бидат организатори на големиот фудбалски настан – САД, Канада и Мексико. Тие беа големи фаворити во битката со Мароко, резултатите од денешното гласање дадоа очекуван победник. Добија 134 гласови од можни 200, за Мароко гласаа само 65 земји.

Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе биде првото кое ќе биде домаќин на 48 земји.
Во САД ќе се одржат повеќето натпревари од Мундијалот, 60 од вкупно 80, вклучувајќи ги сите средби од четвртфиналињата па натака.