Home Спорт Фергусон: Треба да се фокусираме на Лига Европа и да ја освоиме!

Фергусон: Треба да се фокусираме на Лига Европа и да ја освоиме!

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон изјави дека „црвените ѓаволи“ треба да се сконцентрираат во озвојувањето на Лига Европа.

Јунајтед никогаш во историјата не го освоил второто по ранг европско натпреварување, а доколку успее во тоа оваа сезона, ќе избори пласман во Лигата на шампиони.

Никогаш не сме ја освоиле Лига Европа, ниту УЕФА Купот, па сега можеме да го направиме тоа. Имаме добра ждрепка. Не велам дека однапред е готово, но имаме добра шанса. Исто така освојувањето на ЛЕ ве носи во Лигата на шампионите, тоа дополнителен мотив“, изјави Фергусон.

„Важно е да се освои Европски трофеј, без разлика што тоа не е Лига на шампиони, сепак е европски трофеј“, заклучи легендарниот менаџер, кој потоа проговори за слабите резултати на Англичаните во Европа.

„Во седумдесетите беа Ајакс и Баерн, во осумдесетите Ливерпул, деведестетите Италијанците, особено Милан. Потоа Англичаните имаа добра низа, а во овој момент шпанските тимови се најдобри“, објасни Ферги.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…