Фентанил, „дрогата на дрогите“ – смртоносно патување за десет долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фентанил е, кратко кажано, „дрогата на дрогите“. Зошто? Евтин е за производство, евтин е за купување, ти прави чуда во мозокот и телото и доволно е моќен за да те издрогира во најминимални количини. Лошата и опасна страна му е што 2 милиграми фентанил (отприлика колку четири зрнца сол) можат да убијат човек.

Се работи за тип на дрога што може да те убие само затоа што си ја допрел и за сега го има само или главно во Северна Америка. Како оверување на овој факт нема еден соговорник во документарецот „Inside The Fentanyl Crisis“ што нема да рече „ова ќе те убие“.

Дилерот Силвестер, еден од соговорниците во документарецот подолу, ја дава следната математика:

– Купуваш унца фентанил (28,3 грама) од Кина за 350 долари + 50 долари испорака („и следниот ден ти е испорачана на врата“). Оваа унца ја преработуваш и добиваш 1.000 грама прашок. Прашокот го продаваш меѓу 100 и 120 долари за грам“.

„Даваш 400 долари и правиш 100.000 долари,“ Силвестер.

За да го изгледате документарецот кликнете Watch on YouTube.