Фејсбук воведува безбедносен новитет на Месинџер

Преку „Messenger“ дневно се остваруваат над 150 милиони повици, дел обични, дел видео повици. Затоа, „Facebook“ одлучи да воведе поголема заштита за корисниците додека разговараат на „Messenger“.

Воведена е нова опција- „end-to-end“ енкрипција за гласовни и видео повици.

Ова не е автоматска промена, туку корисниците опцијата ќе треба ја подесат самите, но и корисникот од другата страна на врската, исто така, ќе треба да ја вклучи оваа опција.

Покрај „Messenger“, ваква енкрипција ќе се тестира и на „Instagram“.

Новина се и пораки што исчезнуваат, кои веќе ги имаат главно сите други апликации за допишување.

Корисниците можат сами да подесат за колку долго ќе исчезне и можат да изберат помеѓу пет секунди и 24 часа.