Home Актуелно Фејсбук статус на Царовска: Со оставката од Заев престанува мандатот на целото партиско раководство

Фејсбук статус на Царовска: Со оставката од Заев престанува мандатот на целото партиско раководство

Досегашната потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска преку социјалните мрежи соопшти дека се повлекува од функцијата и престанува мандатот на целото раководство.

„Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата.

Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности“, рече Царовска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…