Фејсбук ќе се бори против ширењето дезинформации за коронавирусот


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Шефот на секторот за здравство на Фејсбук, Канг Синг Јин, за јавноста изјави дека најпопуларната социјална мрежа ќе почне да ги отстранува статусите со лажни тврдења или теории на заговор за новиот смртоносен коронавирус.

Фејсбук работи на спречување на дезинформации и потенцијално штетните содржини за коронавирусот, откако на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат лажни вести за епидемијата, соопшти американската компанија.

Шефот на одделот за здравство на Фејсбук, Канг Синг Јин изјави дека таа социјална мрежа ќе почне да ги отстранува статусите со лажни тврдења или теории на заговор за новиот вирус.

Според него, фокус ќе биде ставен на постовите во кои луѓето се наговараат да не се лекуваат или каде се изнесуваат опасни тврдења за лековите.

Фејсбук ќе го ограничи и ширењето на постови за кои е откриено дека се лажни, а на корисниците кои ги поставиле ќе им бидат испратени известувања.

Канг нагласи дека корисниците кои бараат информации за вирусот на Фејсбук, или оние кои ќе притиснат на соодветниот хаштаг на Инстаграм, ќе добијат поп-ап со вистинити информации за вирусот. На врвот на страницата на која корисницците добиваат нови вести, ќе се наоѓаат информации за епидемијата врз основа на препораките на Светската здравствена организација.