Home Актуелно Федералниот апелациски суд на САД ја поништи одлуката на Бајден за задолжително вакцинирање против Ковид-19

Федералниот апелациски суд на САД ја поништи одлуката на Бајден за задолжително вакцинирање против Ковид-19

Федералниот апелациски суд на САД ја суспендирал наредбата издадена од администрацијата на актуелниот американски претседател Џо Бајден за задолжителна вакцинација против коронавирус на вработени во американски компании со 100 или повеќе работници или нивно тестирање секоја недела.

Во својата пресуда, судот ги наведе предвидените „сериозни статутарни и уставни“ прашања.

Одлуката е донесена откако повеќе американски сојузни држави ја тужеа администрацијата на Бајден во обид да ги суспендира наредбите за вакцинација на вработените со федерален договор.

Новото правило требаше да стапи во сила на 4 јануари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…