Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Според информации кои ги пренесе Сител, ЕСМ Продажба вчера склучила два договори со две различни фирми за набавка на 26.000 мегавати електрична енергија кои ќе чинат 5,5 милиони евра.
Според договорот испораката ќе биде извршена во периодот од 7 до 20 ноември.
Цената е различна па така дел од струјата ќе биде набавена по цена од 198 евра за мегават час, дел за 205, додека пак најголемиот дел односно повеќе од 15.000 мегавати ќе биде набавен по цена од 228 евра за мегават час.
А во меѓувреме има пуштено и нов тендер.