Фабрегас не отфрла заминување во Кина!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Челзи, Цеск Фабрегас не ја отфрла можноста да се пресели во кинеската Суперлига.

Фабрегас оваа сезона има мала минутажа кај Антонио Конте, па на крајот на сезоната сигурно ќе ја промени средината, а не негира дека тоа може да биде Кина.

Во Кина оваа зима заминаа Оскар, Тевез, Витсел, Пато и се повеќе фудбалски ѕвезди се одлучуваат на таков чекор.

„Никогаш не се знае. Кога нема да можам да играм повеќе во Европа ќе заминам во Америка или Кина. Никогаш не се знае што носи иднината“, изјави Фабрегас.