Евровизиската претставничка Андреа го фрли македонското знаме, па се извини и објасни зошто го направи тоа (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска, прво позираше со знамето, а потоа направи мал непромислен потег фрлајќи го македонското знаменце на земја за да се фотографира и без него на свеченото отворање на овогодинешното евровизиско издание, каде сите 40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани на тиркизниот тепих.

По жестоките реакции од јавноста и од МРТ, евровизиската претставничка Андреа Коевска во видео обраќање се извини што среде фотографирање во Торино, го фрли на земја македонското знаме.

„Во момент каде што ме снимаше камерата и каде што ме фотографираа, побараа да го нема македонското знаме. Делегацијата беше навистина далеку од мене и јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Не беше од омраза, затоа што јас сум горда да доаѓам оттаму и затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова“, вели Коевска.

Во пресрет на евровизиското шоу, Коевска вели дека се обидува да ја претстави Македонија во најдобро светло.

„Не ми беше намера да навредам некој, ако го направив тоа, се извинувам. Го носам знамето со мене секаде каде што одам и се надевам дека навистина можеме да поминеме со ова“, рече таа.

Коевска прво позираше со знамето, а потоа го фрли на земја за да се фотографира и без него на свеченото отворање на овогодинешното евровизиско издание, каде сите 40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани на тиркизниот тепих во Торино.

Македонската радио телевизија го осуди нејзиниот потег и ја повикаа да се извини. Оттаму соопштија дека ја разгледуваат можноста за нејзино повлекување од Евровизија.