Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Посакуваното и пријатно намалување на временските температури кое го носи есента, во комбинација со раскошните и импресивни бои кои го карактеризираат ова годишно време, истото го прават еден од најубавите периоди во годината за шетање и откривање на нови места и убавини.
Доколку сте љубители на европските градови и одличните глетки тогаш ви предлагаме неколку градови кои вреди да се посетат токму во ова годишнo доба.
Бриж, Белгија
Овој средновековен град е еден од најубавите европски градови во есен. Виновата лоза во разни нијанси ќе ве освои уште на прв поглед со романтичните сцени и совршени сценарија за фотографирање. Белгија е позната по чоколадите, па може да се загреете со една шолја топло чоколадо.
Осло, Норвешка
Осло е преполн со живописни паркови, кои иако се убави низ текот на целата година, на есен блескаат во полн сјај. Токму овој период е одличен за истражување на Осло, а локации за посета се тврдината Акершус, паркот на скулптурите Вигеланд и шумата Осломарк.
Камбрија, Англија
Англискиот округ на езера е преполн со неверојатни сцени, кои особено се спектакуларни кога започнува есента. Овде може да ги истражите околните езера и шуми, како што се Гриздејл, во која растат зелен бор и бука.
На западниот дел на Бохињското езеро е сместено селото Уканц. Уканц е одлична точка за истражување на околната природа, како што е врвот на планината Вогел, кој го нуди еден од најубавите погледи во Европа. Лисјата на есен имаат жар црвена и златна боја, која се рефлектира на кристално чистото езеро. Во близина на селото се наоѓаат водопадите Славица, а можете да организирате и планинарење до Долината на триглавските езера.
Виклоу, Ирска
Ако не сакате гужва, најдобро време за посета на ирските планини е токму есента. Ако сте расположени за планинарење, ова навистина е идеално место, преполно со водопади. Можете да истражувате и историски места како што е Глендалоф, а одмор по активностите побарајте во најблискиот паб.
Баварија, Германија
Бројни градови, дворци, прекрасна природа… Баварија е место каде што навистина има што да се прави. Ако сте расположени за активен одмор, може да се искачите до Алпите, ако сте љубители на историјата посетете ги 25-те дворци и палати. За гурманите и љубителите на пиво, посетете го Октоберфест во Минхен.
Трансилванија, Романија
Трансилванија најмногу ги привлекува љубителите на мистериите и најстариот вампир, грофот Дракула. Но, овде ќе најдете и прекрасна природа и многу средновековни дворци. Тркнете на прошетка до планината Фарагаш, каде што има над 20 врвови чии погледи ќе ви го одземат здивот.