Еве зошто Гвардиола купуваше скапи бекови: Каталонецот со нова формација ги изненади сите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Сити го разби Реал Мадрид со 4:1 во пријателски натпревар одигран во Лос Анџелес. Гвардиола и Зидан играа со комбинирани тимови, а особено експериментираше каталонскиот стратег.

Па така Гвардиола тргна со формација 3-5-2, а како фул-бекови играа Вокер и Данило. Бившиот играч на Тотенхем ја дреже десната страна, а Бразилецот играше на левата страна. Во нападот играа Агуеро и Жуан Жесус, па тоа може да биде ударниот состав кој ќе ја нападе титулата во Англија оваа сезона.

Но тоа не е се, најскапиот дефанзивец во историјата Стоунс во еден дел од мечот ја презеде улогата на дефанзивен играч за врска, па покажа дека во иднина може да биде многу корисен на таа позиција.

Гвардиола минатата сезона најчесто играше со формација 4-2-3-1, но во преодниот рок донесе неколку засилувања кои иделано се вклупуваат за формација 3-5-2, која каталонскиот стратег најверојатно ќе ја користи оваа сезона.