Home Спорт Еве зошто Германците ги покрија со рака устите на заединчката фотографија пред дуелот со Јапонија

Еве зошто Германците ги покрија со рака устите на заединчката фотографија пред дуелот со Јапонија

Освен што денешната победа на Јапонија над Германија го донесе второто големо изненадување на Светското фудбалско првенство во Катар, големо внимание привлече и потегот на Германците пред стартот на натпреварот.

Во германската репрезентација сакаа на Мундијалот да ја носат лентата во боите на виножитот како поддршка за ЛГБТ заедницата. Сепак, беа известени дека поради правилата на Катар ќе се соочат со казна ако носат таква лента.

Тоа очигледно предизвикало револт во репрезентацијата, па на тимската фотографија германските репрезентативци ја прекрија устата алудријаќи на тоа дека им е забрането слободно да се изразуваат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…