Еве што значи шамарот од Вил Смит за Крис Рок во бројки на социјалните мрежи (нецензурирана снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Гардијан њуз на нивниот YouTube канал пред десетина часа објавија нецензурирана снимка на која Вил Смит го удри Крис Рок.

Видеото за десет часа е прегледано повеќе од 33 милиони пати, што брзо го донесе на врвот во светот.

Видеото трае минута и 23 секунди и го следи развојот на настаните додека Крис Рок се шегува со Џејда Смит за нејзината фризура и го покажува Смит како се смее, а потоа, откако Џејда свесно ќе го погледне, тој станува и му удира шлаканица на Рок на сцената.

Видеото исто така собра неверојатни 133.000 коментари и повеќе од половина милион лајкови на YouTube.

Вил Смит не е само на врвот на трендот на YouTube, туку и на Twitter. Од синоќешниот настан до денес, на Твитер се напишани повеќе од 1,5 милиони објави во кои се споменува Вил Смит и уште 4,4 милиони објави за синоќешните Оскари.

Да потсетиме, Вил Смит го удри комичарот Крис Рок на Оскарите откако тој се пошегува на сметка на ќелавоста на сопругата на Смит, Џејда. Смит му удри шлаканица на комичарот и се врати на своето место викајќи му веќе да не го споменува името на неговата сопруга.