Home Шоубизнис Еве што вртка во гаражата Ѓоковиќ

Еве што вртка во гаражата Ѓоковиќ

Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ може да се пофали со прилично скапа и луксузна гаража кога станува збор за поседот на автомобили.

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ како и многу други успешни спортисти има интересна колекција на автомобили.

Но за разлука од многу негови колеги спортисти Ноле не е некој што сака да се фали со „ѕверовите“ кои ја красат неговата гаража.

Новак е познат по својата љубов кон стилот и елеганцијата, но кога се во прашање автомобилите, се грижи и за зачувување на животната средина, поради што е повеќе за електричните автомобили.

Британскиот таблоид „Сан“ објави листа на автомобили во сопственост на најдобриот светски тенисер.

До неодамна Ѓоковиќ беше амбасадор на „Peugeot“ и како подарок од нив во 2020 година доби Пежо Е-208 од ограничената серија електрични автомобили.

Ѓоковиќ поседува и “Tesla Model X“, Audi R8, и Fiat 500.

Во една од гаражите на популарниот Ноле се паркирани и скапоцени автомобили „Mercedes Benz S500“, „Aston Martin DB9“и „BMW M55D“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Реба Мекентајр за спорот на Кели Кларксон со Art of Play: Кој ѝ кажал и колку го следи?

Реба Мекентајр проговори за спорот меѓу нејзината долгогодишна пријателка и поранешна снаа…