Home Актуелно Облачен понеделник

Облачен понеделник

Последниот мартовски понеделник во Македонија носи променливо облачно време, попладне во југозападните делови со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најавува УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Од четврток до сабота се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд кога ќе дува и засилен до силен ветер од јужен правец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…