Еве што вели Брајан Адамс на муабетите дека имал љубовна афера со принцезата Дајана


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Славнот рок музичар Брајан Адамс, во неговото гостување во шоут What Happens Live with Andy Cohen кончено го прокоментира неговиот досега толку озборуван и шпекулиран однос со принцезата Дијана и муабетите дека тие двајца наводно биле во романтична врска.

„Се зборува дека ти и принцезата Дијана сте имале романса. Нејзиниот шофер тврди дека те видел како скришно влегуваш во Кенсингтонската палата. Каков беше вашиот однос?“, го запраша Коен во рамки на гостувањето на Адамс во неговото шоу.

„Бевме одлични пријатели. Никаде скришно не се извлекував, само ќе се појавев“, одговори пејачот.

Меѓутоа, водителот беше упорен и сакаше конкретно да дознае каков точно бил односот помеѓу Адамс и Дајана, на што славниот рокер само одговори дека биле „многу добри пријатели“.

„Бевме многу добри пријатели, имавме посебен однос“, изјави Брајан Адамс.

Брајан, инаку, во далечната 1985 година објави песна со име „Дијана“, во која зборува за жената во која се вљубил, а која е омажена за друг. Иако песната редовно ја изведуваше на своите концерти, тоа прекина да го прави после смртта на Дијана во 1997 година.

Шоферот на Дијана во својата книга открива дека принцезата имала дури девет љубовници, помеѓу кои бил и славниот музичар.

Поранешната девојка на Брајан Адамс, Сесилија Томсон, во едно интервју тврдеше дека пејачот ја изневерува со принцезата Дијана, но Адамс го демантираше тоа.

„Ниту таа, ниту кој било друг не знае ништо за моето пријателство со Дијана“, коментираше Брајан Адамс во таа прилика.