Еве што ќе се случи ако сите луѓе одеднаш исчезнат од планетата Земја


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фејсбук страницата What If го дава одговорот на тоа што ќе се случи и какви појави ќе има на Земјата, ако целокупниот човечки род одеднаш исчезне од лицето на истата.

На Земјата моментално живеат над 7,6 милијарди луѓе, а тој број секојдневно се зголемува. Иако сме склони да ја величаме нашата важнсот, влијанието кое го имаме врз нашата планета налесно ќе го сфатиме ако се запрашаме што ќе се случи ако нас не снема во еден миг.

За неколку секунди

Кога сите луѓе во еден миг исчезнат од Земјата, ќе настапи хаос во истиот момент. Авиони ќе паѓаат, возови ќе излетуваат од шини, автомобили без возачи ќе се судираат.

За еден час

После еден час од нашето исчезнување, ќе почне да се случува масовно помрачување на дел од светот. Електраните кои создаваат струја од фосилни горива ќе престанат да работат без гориво, а без човечки надзор не би функционирале ни оние кои произведуваат струја со користење на ветерната или водената енергија.

После еден ден

Следниот ден компјутерите автоматски ќе ги исклучат погоните од нуклеарните електрани и така ќе спречат катастрофи. Светот целосно ќе остане без електрична енергија.

После три дена

Третиот ден лондонскиот Биг Бен ќе го отчука своето последно чукнување, имајќи во предвид дека е потребно да се навива на секои три дена. Улиците ќе бидат полни со животни. Домашните миленици и животните од зоолошките градини или ќе се ослободат или ќе останат заробени да умираат од глад.

После десет дена

За десет дена ќе попуштат безбедносните мерки во нуклеарните електратни и ќе се случат верижни експлозии. Притоа, ќе се испушта токсична радијаија ширум цела планета. Животните кои живеат во погодените региони ќе умрат, но видовите кои живеат во оддалечените области од електраните ќе преживеат.

Стоката и домашните животни ќе се повлечат во планините, супермаркетите ќе бидат полни со глувци и стаорци кои ќе бидат ловени од некогашните домашни миленици за да преживеат.

После неколку години

За неколку години градовите какви денес ги знаеме целосно ќе го изгубат својот изглед и ќе личат на тематски паркови. Радијацијата ќе се расчисти, а вегетацијата ќе почне да расте по улиците и зградите. Сè ќе биде прекриено со мов.

После триесет години

За 30 години сателитите кои сме ги лансирале да ја истражуваат вселената ќе се врата на Земјата, но собраните податоци ќе бидат целосно бескорисни. Куќите и облакодерите ќе почнат да се рушат, а во некои крајбрежни предели морето ќе проголта цели градови.

После четириесет години

Глобалното затоплување ќе продолжи уште 40 години после нашето исчезнување.

После шеесет години

За 60 години морскиот живот ќе се опорави од претераното ловење кое му го правеше човештвото.

После 150 години

За 150 години урбаната средина ќе се врати во својата природна состојба. Лондон ќе стане огромна бара, а Ванкувер ќе биде полн со ледени џинови кои ќе бидат направени од снегот и мразот кои ќе ги покријат високите згради. Лас Вегас ќе изгледа како голем песочен дворец.

После 230 години

230 години после нашето исчезнување растенијата ќе го искористат секој вишок јаглерод диоксид од атмосферата. Шумите ќе го преземат и прекријат најголемиот дел од Северна Америка, а единствен знак дека таму некогаш имало цивилизација ќе останат железото и пластиката.

После 500 години

После 500 години шумите ќе станат поздрави отколку што биле во последните 10.000 години, а природата би го избришала секој траг од човечкото постоење.