Home Актуелно Еве колку беше просечната нето плата во јуни во Македонија

Еве колку беше просечната нето плата во јуни во Македонија

Државниот завод за статистика излезе со нови податоци за просечната плата во Македонија.

Просечната исплатена нето плата по вработен во Македонија, во месец јуни изнесувала 22.808 денари, дури и во однос на јуни лани била поголема за 2,8 отсто, соопштија од заводот.

Зголемувањето се должи на зголемувањето на исплатени плати во секторите: Уметност, забава и рекреација (20.0 насто), Стручни, научни и технички дејности (9,8 насто) и Рударарство и вадење на камен (7,4 насто).

Просечната исплатена бруто плата во месец јуни 2017 година изнесувала 33.509 денари.

Во јуни годинава, 1,1 насто од вработените не зеле плата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…