Дехари повторно кандидат од ДУИ за градоначалник на Кичево


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На состанокот на кичевскиот огранок на Демократската унија за интеграција, со поддршка на сите 35 локални совети и другите локални партиски форуми, беше одлучено на претстојните локални избори кандидат за градоначалничката функција да биде Фатмир Дехари, актуелниот градоначалник.

На состанокот присуствуваше и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Носител на листата на ДУИ за општинскиот совет ќе биде Аќиф Медиу, шеф на изборниот општински штаб, Адем Карага, а портпарол на кампањата Фатмир Лимани.

ДУИ испрати апел до сите субјекти и други заедници во Кичево, заедно со кичевската дијаспора, да ја поддржат кандидатурата на Дехари, соопшти партијата.