Home Спорт Еве кои играчи од Реал ги избра Крос за германската репрезентација!

Еве кои играчи од Реал ги избра Крос за германската репрезентација!

Новинарите го запрашаа Тони Крос кој фудбалер на Реал Мадрид би сакал да го види во дресот на германската репрезентација.

Иако се очекуваше изборот да падне на најдобриот фудбалер на „кралевите“ Кристиано Роналдо, Германецот не го избра Португалецот, но други двајца фудбалери.

„Можам ли да изберам двајца? Тогаш тоа се Лука Модриќ и Герет Бејл. Забавно е да се игра покрај Лука. Ние сме луѓе со слично размислување, но со различен стил на игра поради што одлично се надополнуваме. Герет е вистинско оружје со таква брзина, со таа левица и со игра со глава“, изјави Крос.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…