Еве каква сељачана вози по улиците на Скопје (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овие не почитуваат жив авторитет на сообраќаен полицаец, а ние сакаме да почитуваат сообраќајни знаци, правила, прописи, да имаат сообраќајна култура, да почитуваат институции, закон, држава.

Сообраќајнава ситуација е снимена на крстосница кај Мавровка и комплекс факултети, каде припадничка на сообраќајната полициска служба се обидува да контролира сообраќај и да пренасочува автомобили во одреден правец.

Е сега, тука секогаш ќе има некоја сељачана. Ама не очекувавме дека има дотолку дрски, безобразни, агресивни и бескрупулозни возачи. Некои беа толку агресивни во управувањето и настојбата по секоја цена да поминат покрај полицајката што за малку ќе ја „собереа“ полициската службеничка со возилата. Или кратко кажано – тешка сељачана го гази скопскиот асфалт.