Славни

Еве како го „бришеше подот“ со него во Белата куќа пред 5 години, сега ќе му ги предаде клучевите

Во кој момент точно Доналд Трамп решил бизнисот и реалити програмити да ги замени со политика, не се знае точно. Според некои, срамот кој пред полна сала во 2011 година на Трамп му го приреди Барак Обама, може да е мотивот за претседателските амбиции на милијардерот.

Настанот е редовната годишна вечера во Белата куќа, на која покрај новинарите доаѓаат и бројни угледни личности, бизнисмени и политичари од американскиот јавен живот.

Еден од гостите во 2011 беше и Доналд Трамп, кого Обама го исмеа пред преполната сала.

Говорот на Обама се случи веднаш по објавувањето на неговиот извод од книгата на родените, односно доказот дека е роден во САД, за кој Трамп тврдеше дека не постои. Американскиот претседател дури и пушти видео од „неговото раѓање“ за да ги згасне гласините за тоа каде е роден. На одушевување на присутните, Обама пушти сцена од анимираниот филм „Кралот лав“ (Lion King).

Но, тоа беше само почетокот. Во продолжението на говорот Обама се потсмеваше со тврдењата на Трамп, како и неговите реалити улоги.

„Никој не е посреќен од тоа што ова прашање за моето раѓање се става на страна од Доналд“, кажа тогаш Обама. „А тоа е затоа што конечно ќе може да се фокусира на важните нешта, како на пример дали сме го лажирале слетувањето на Месечината? Што навистина се случило во Розвел? Каде се Биги и Тупак?“, кажа Обама, на што публиката на глас се смееше, додека Трамп седеше со кисела насмевка на лицето.

Само пет години подоцна, Обама ќе му ги предаде клучевите од Белата куќа на човекот со кого таму го „бришеше подот“.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top