Home Актуелно Евакуирани над 1.500 жители, голем пожар беснее во Шпанија

Евакуирани над 1.500 жители, голем пожар беснее во Шпанија

Голем пожар на североистокот на Шпанија излезе од контрола, поради што денеска се евакуирани осум населени места и 1.500 жители во провинцијата Сарагоса, соопштија пожарникарите.

Официјалните лица објавија дека ситуацијата е критична во градот Анон де Монкајо и дека приоритет на 300-те пожарникари кои го гаснат пожарот е заштита на човечки животи и населени места.

Шумскиот пожар, што избувна вчера, за помалку од 24 часа се прошири на повеќе од 50 километри.

Пожарникарите најавија дека изгледите за гаснење на пожарот зависат од временските услови, но и дека се очекуваат удари на ветер од 60 километри на час.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…