Цетиње завиено во црно: Потресни сцени на комеморацијата на грозоморно y6иените


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последните зборови што роднините им ги упатија на страшно убиените во Цетиње се читаат со грутка во грлото, додека ја чувствувате болката во градите поради сите невини жртви и прерано згаснатите животи.

Како сета тага на светот да се влеа во некролозите што ги исполнуваа колумните во весниците.

Едно од најтрогателните е збогувањето на таткото Милош, кој во масакрот ги загуби сопругата и двата сина на само 11 и осум години.

Во пораката до своите синови, тој вели:

„Ангели мои, брзо доаѓам кај вас. Чекајте ме и ве сакам. Ваш Роки“, напиша тој во некрологот посветен на неговите синови. А во онаа посветена на неговата сакана сопруга вели:

„Наташа, ти благодарам за се што направи за Машан и Марко. Се обидовте да ги спасите од монструмот што ве y6и ни криви ни должни. Цел живот се боревте за нив и сега сте повторно заедно“.

Од момците се прости и колективот на основното училиште „Његош“ во кој учеа.

Две невини детски насмевки згаснаа, огнот од кypзумот ги изгоре крилјата на нашите две птици што штотуку научија да летаат. Денес, нашите раце се кренати кон небото и се молиме за вашите невини души. Денеска остануваме без зборови од болка и неверување бидејќи утре не постои за вас.

Почивајте во прегратките на мајка ви, а ангелите нека ве чуваат на крилата на вечноста. Засекогаш во срцата на вашите учители и пријатели – велат тие.