Home Вебкафе Есента е сезона за греено винце – пијалок кој го крепи здравјето на срцето

Есента е сезона за греено винце – пијалок кој го крепи здравјето на срцето

Вкусно приготвеното греено вино веднаш асоцира на пријатни и удобни моменти со добро друштво во есенските и зимските денови, особено за празниците во овие периоди. Традицијата за подготовка на грееното вино доаѓа од Северна Европа.

Грееното вино е добро за здравјето на организмот. Ги штити срцето и крвните садови. Го спречува воспалението и помага за проблемите со висок притисок. Може да го користите и за да ги ублажите симптомите на настинка и грип.

Состојки за подготовка на греено вино:

Четири лимони

Два портокали

Две шишиња црвено вино

1,2 литри вода

16 каранфилчиња

Две стапчиња цимет

150 гр. шеќер

Начин на подготовка:

Турете вино и 1,2 литри вода во сад со поклопец. Додајте кора од портокал, каранфилче и стапчиња цимет.

Почекајте да зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете го на огин еден час. Засладете со шеќер според вкус. Послужете со портокали и лимони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…