Епски момент: Историското ракување на Ким Јонг-ун и Доналд Трамп (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нешто после 3 часот утрово, по наше време, а некоја минута после девет часот наутро по локално сингапурско време, се случи епската историска средба на американскиот претседател и севернокорејскиот политички лидер.

Ким Јонг-ун и Доналд Трамп си пружија рака еден на друг, а ракувањето кое го проследија чкрапањата на десетици фотографски апарати, траеше десетина секунди. Во тие неколку моменти, додека фотоапаратите чкрапаа, Трамп и Ким разменија неколку реченици меѓу себе.

Главно зборуваше Трамп, а Ким само климаше со главата. Потоа Трамп му даде знак на својот колега кога треба да се сврти кон новинарите, а потоа со раката го упати на историскиот состанок, со што, слуајно или не, даде до знаење дека тој е формален домаќин на средбата.

Трамп е првиот американски претседател кој се сретнал со некој лидер од Северна Кореја за време на својот актеивен претседателски мандат. Но, има повеќе бивши американски претседатели кои оствариле средби со севернокорејските лидери.

Џими Картер во 1994 година го посети Пјонгјанг и разговараше со Ким Ил-сунг, татко на актуелниот лидер на Северна Кореја.

Картер уште еднаш потоа, во 2010, ја посети Северна Кореја, кога преговараше за ослободување на некои заробении. А Северна Кореја во 2009 година ја посети и Бил Клинтон.