Како се пикнала: Не можеше да поверува што му изваде докторот од носот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


51-годишниот маж од југот на Кина не можеше да си поверува на очите кога лекарот од неговата ноздра извлече огромна и жива пијавица.

Сцената ја сними медицинската сестра, во болницата во градот Беихаи, во автономната област Гуангкси, на 4 јуни, а снимката прикажува како докторот вади жива пијавица од едната ноздра на средовечниот човек.

51-годишниот пациент зачуден го гледаше паразитот кој доктор Лиу Ксиогуанг му го извлече од носот. Кинезот наводно пиел вода од планински извор додека работел во провинцијата Јунан. Потоа носот почнал да му крвари и крварењето траело десет дена, поради што отишол на лекар каде му ја откриле пијавицата во носницата.