Home Спорт Емре Чан во Јувентус? Ништо не е готово – се замешаа Сити и Баерн

Емре Чан во Јувентус? Ништо не е готово – се замешаа Сити и Баерн

Уште од пред неколку месеци медиумите тврдеа дека Емре Чан кариерата ќе ја продолжи во Јувентус и дека зделката е веќе договорена.

Германскиот репезентативец одби да го продолжи договорот со Ливерпул, а медиумите тврдеа дека ќе се пресели во Јувентус како слободен агент.

Јувентус не ја крие желбата да го донесе Емре Чан во Торино, но работите се искомплицираа бидејќи во трката за неговиот потпис се вклучија Манчестер Сити и Баерн Минхен.

„Наш приоритет е Емре Чан. Меѓутоа се уште не е ништо сигурно бидејќи фудбалерот има понуди и од други клубови“, потврди спортскиот директор на „старата дама“.

Сити му нуди најголема плата на фудбалерот, додека Баерн за Чан ќе значи враќање во Германија и во клубот каде ги направи првите фудбалски чекори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…