Home Актуелно ВО ЖИВО: СЈО отвори три нови истраги – една против Груевски и Ахмети за одложениот попис

ВО ЖИВО: СЈО отвори три нови истраги – една против Груевски и Ахмети за одложениот попис

Специјалното јавно обвинителство денес отвори три нови истраги, меѓу кои едната е за пропаднатиот попис од 2011 година. Истрагата е отворена против тогашните коалициски партнери, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на ДУИ.

Според обвинителката Фатиме Фетаи тие ја злоупотребиле функцијата и нанеле штета на буџетот од 175.123.909 денари.

Причината за престанок на пописот, според СЈО било тоа што со спроведениот попис ќе им се нанесело огромна штета на угледот на лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ Исто така според СЈО лидерите немале капацитет да спроведат реален попис кој би го покажал иселувањето од Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…