Емотивно збогување: Рибери низ солзи се прости од професионалниот фудбал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Салернитана на домашен терен ја победија Специја со резултат 1:0 во 11. коло од италијанската Серија А.

Триумфот на тимот од Салерно беше вистински подарок за легендарниот Франк Рибери кој денеска пред навивачите се прости од професионалниот фудбал. По не премногу интересното прво полувреме во кое Специја имаше блага иницијатива на теренот, се се промени во остатокот од натпреварот.

Веќе на почетокот на вториот дел од играта дојде момент кој го реши натпреварот, се играше во 48. минута кога Пасквал Мацоки со одличен удар од околу 20 метри го совлада слабиот Драговски.

Специја се обидуваше да се врати во мечот, имаше одлична шанса преку Нзола, а потоа Драговски на другата страна спречи поубедлив пораз кога ги одбрани ударите на Пјонтек, Бохинен и Брадариќ.

На крајот, триумфот ги однесе избраниците на Давиде Никола на деветтото место во Серија А со 13 бодови, додека Специја е 15-та со четири бода помалку.