Eмотивна вечер во НБА: Две легенди се простуваа од домашната публика (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари, а домашните навивачи се простуваа од Двејн Вејд и Дирк Новицки на кои им остана да го одиграат само уште последниот натпревар во НБА лигата.

Емотивно беше во „Американ Ерлајнс Арената“  каде што се простуваше Двејн Вејдсопругата беше до него, неговиот најстар син седеше на клупата на Мајами во последните неколку, поранешниот претседател на САД Барак Обама испрати видео.

Публиката скандираше: МВП, МВП, МВП!

„Дури и после толку години јас сум воодушевен од неговите настапи. Беше ова совршена вечер“, изјави тренерот на Мајами Ерик Споелстр.

Беше тоа ноќ и во која од домашните гледачи во НБА лигата се прости уште еден кошаркар – Дирк Новицки.

Германецот после 21 година играње за Далас за последен пат играше пред домашната публика и во победата над Феникс постигна од 120:109 постигна 30 поени.

Го постигна првиот кош на натпреварот и веднаш ја крена публиката на нозе. Сега му останува да го одигра уште натпреварот против Сан Антонио и да каже збогум на НБА лигата.

Покрај Новицки кој беше ѕвезда на вечерта натпреварот во Феникс го обележа Лука Дончиќ со новиот трипл-дабл од 21 поен, 16 скокови и 11 асистенции. На другата страна Џамал Краворд постигна 51 поен и така стана најстариот играч кој ја поминал границата од 50 поени.

Денвер беше поразен од Јута со резултат 118:108, а причината може да се бара во Никола Јокиќ кој го одигра најлошиот натпревар во сезоната. Србинот за 16 минути постигна само два поени и запиша исто толку скокови.

НБА резултати:

Кливленд – Шарлот 97:124

Детроит – Мемфис 100:93

Вашингтон – Бостон 110:116

Мајами – Филаделфија 122:99

Чикаго – Њујорк 86:96

Минесота – Торонто 100:120

Њу Орлеанс – Голден Стејт 103:122

Далас – Феникс 120:109

Јута – Денвер 118:108

Оклахома – Хјустон 112:111

ЛА Лејкерси – Портланд 101:104

Извор: Спортски.мк