Home Живот и здравје ЕМА даде одобрение за трета доза од вакцината против Ковид-19 на Модерна

ЕМА даде одобрение за трета доза од вакцината против Ковид-19 на Модерна

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека даде одобрение за дополнителната, засилувачка доза на вакцината „Модерна” да може да се даде на луѓе на возраст од 18 години и постари најмалку шест месеци по примањето на втората доза. Тоа е втора вакцина што е одобрена за трета доза во ЕУ.

„Третата доза на ‘Спикевакс’ беше примена шест до осум месеци откако втората доведе до зголемување на нивото на антитела кај возрасните чии антитела се намалуваа”, објави европскиот медицински регулатор.

ЕМА претходно одобри трета доза на „Фајзер/Бионтек” во октомври и препорача вакцинација со трета доза вакцини од „Фајзер/Бионтек” или „Модерна” за луѓе со ослабен имунолошки систем.

Земјите-членки на ЕУ одлучуваат дали општата популација треба да ја прими третата доза.
Неколку земји започнаа свои кампањи, пред ЕМА да ги објави препораките. Државите презедоа различни пристапи за тоа кој треба да ја прими третата доза. ЕМА додаде дека го следи ризикот од срцеви заболувања и други многу ретки несакани ефекти по добивањето засилена доза.

Американските власти одобрија дополнителни дози на „Фајзер/Бионтек”, „Модерна” и „Џонсон и Џонсон”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …