Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Денешниот, 26. октомвриски ден, вторник, времето во Македонија ќе биде претежно ведро, сончево со ниски утрински температури. На повеќе места утринските температури ќе бидат под нулата и ќе има услови за слаба магла по одделни котлини.
Во текот на денот ќе биде сончево и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 3, а максималната од 13 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје, наутро студено со услови за слаба утринска магла, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени. Маврово 10, Охрид 14, Битола 13, Крива Паланка и Берово 14, Кавадарци 16, Дојран 17 степени.
И утре ќе се задржи претежно ведро време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата. Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.