Ем автомобил, ем летечки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американските воздушни сили го претставија својот прототип на летечки автомобил наречен Хекса (поради шестоаголниот изглед кој го даваат моторите над пилотската кабина“.

Електричното возило е со вертикално полетување и слетување, а неговиот тест лет е извршен пред неколку дена во Тексас.

Компанијата што го дизајнира и изгради, Lift Aircraft, работела на неколку месеци на „забрзување на трговскиот пазар за напредни воздушни подвижни возила“.

Како што посочуваат, Хекса ја управуваат 18 ротори и превезува еден патник, а во зависност од конфигурацијата, може дури и да лебди над вода, а верувале или не, Хекса е контролирана од џојстик и има систем за автопилот.