Home Шоубизнис Елтон Џон на концерт буквално го загуби гласот и со плачење ја напушти сцената

Елтон Џон на концерт буквално го загуби гласот и со плачење ја напушти сцената

Славната поп икона Елтон Џон во неделата, минатиот викенд, беше принуден да го прекине концертот во Окланд, Нов Зеланд, откако го изгуби гласот и со солзи ја напушти сцената.

„Тотално го изгубив гласот. Не можам да пејам. Жал ми е“, рече тој додека ја напушташе сцената, додека публиката го испрати со овации.

Пејачот тогаш на Инстаграм објави дека му била дијагностицирана лесна пневмонија, но и покрај неговата болест, тој решил да настапи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn) on

Неговиот глас го изневери додека се подготвуваше да го пее неговиот хит „Daniel“. „Играв и пеев со сето срце сè додека гласот не ме изневери“, напиша тој на Инстаграм. „Разочаран сум, длабоко загрижен, тажен“, напиша тој, заблагодарувајќи им се на публиката за „извонредната поддршка“.

Елтон Џон сепак планира да одржи концерти во Окленд денес (вторник) и во четврток.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …