Елена Макалоска од Прилеп на 85-годишна возраст го победи коронавирусот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од прилепската болница на нивниот Фејсбук профил споделија радосна и позитивна вест: „Денес имаме и причина за славење. Најстариот излекуван пациент од ковид-19 во нашето инфективно одделение е 85 годишната Елена Макалоска, која ја напушти прилепската болница“. Под статусот тие објавија фотографија од Макалоска сликана со медицинскиот персонал.

Макалоска е пресреќна заради тоа што ја напушта болницата и го победила вирусот. Таа посакала да се фотографира со дел од персоналот на инфективното одделение на прилепската болница.

Деновиве и триесетина други пациенти се излекувани од коронавирусот. Дел од нив се лекуваа во болница, а поголем дел во домашни услови. Повеќето препорачуваат да се почитуваат мерките за заштита.