Електрокортикографија – „алатка“ која може да ја следи мислата од нејзиното раѓање до реакцијата која ја предизвикува


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со истражувања во оваа област, научниците успеале да следат една мисла, од нејзиното раѓање па до реакцијата која ја предизвикува. Потенцијално опасно откритие ако дојде во погрешни раце. Сепак, еден факт утешува и релативно успокојува во контекст на злоупотребата – за да ти следат една мисла, треба да ја имаш.

Студирање на пациенти со епилепсија кои минувале низ оперативен зафат, на невролози им дало извонредна можност да имаат увид во трасата на една мисла, од нејзиното инспирирање па до реакцијата на неа.

Тоа досега со не многу голема прецизност можеше да се прави со неинвазивните методи на ЕЕГ (електроенцефалографија) и функционален МРИ (магнетна резонанца) но случајов им дал шанса за употреба на далеку попрецизна техника наречена електрокортикографија во која се користат стотици мали електроди брцнати во мозок со кои се мапира активноста и се доаѓа до своевиден ГПС на мозочните активности.

Овој пристап генерално би бил неетички да се спроведува врз луѓе но случајот со овие кутри луѓе пружил уникатна шанса за проучување на текот на мислите.

Утврдено е дека главен „плејмејкер“ и диригент на тој сложен процес е префорталниот кортекс кој е клучен „хаб“ за мозочната активност и пренасочување на сигналите меѓу различни региони на мозокот. Се испоставило дека тоа е толку агилен орган што е подготвен за акција и кога другите делови уште не се подготвени за реакција.

„Можеби тоа ни објаснува зошто некогаш луѓето кажуваат работи пред да ги помислат,“ вели еден од истражувачите.