Експертите ПОТВРДУВААТ: Кои се јасните знаци дека сте во стабилна врска?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Редовните заминувања на дејтови, водењето љубов и искреното изјавување љубов секојдневно се наоѓаат меѓу првите пет показатели дека вашата врска е силна и дека навистина сте во врска со вашата сродна душа.

Едно британско истражување покажа дека на прво место се наоѓа способноста за признавање на своите грешки кога ќе сфатите дека сте погрешиле.

Тоа значи дека го почитувате својот партнер доволно да ги усвоите неговите аргументи и да му дозволите нешто да ве научи.

Уште еден интересен факт вели дека хармонијата во врската зависи и од работното време на обата партнери, односно кога двајцата се вработени на полно работно време.

Некои од показателите кои се најдоа на листата се истиот вкус кога се во прашање филмовите и музиката и бројот на разменети бакнежи кои никогаш не би смееле да бидат под пет на дневно ниво.