Home Актуелно За воено профитерство Иво Санадер заработи казна затвор од 2,5 години!

За воено профитерство Иво Санадер заработи казна затвор од 2,5 години!

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на две и пол години затвор за воено профитерство во случајот „Хипо“.

Судот во Загреб го прогласи за виновен за афера која датира од војната во Хрватска, кога склучил штетен договор со „Хипо банка“ за купување згради на хрватската амбасада.

„Во 1994 и 1995 година, во времето на висока инфлација, владата тешко наоѓаше банки кај кои би се задолжила. Како преговарач со ‘Хипо банка‘, место да делува во интерес на Хрватска, Санадер договорил да му се исплатат пет отсто од договорениот заем од седум милиони шилинзи, со што незаконски се стекнал со 3,6 милиони куни“, кажа судијката Јасна Галешиќ.

Според зборовите на судијата, Санадер ја искористил својота положба и ги извршил делата злоупотреба на службената положба и воено профитерство. Осуден е на две години и шест месеци затвор, а времето кое го поминал во притвор ќе биде пресметано во казната. Исто така, Санадер мора да врати околу 486.000 евра во буџетот на Хрватска.

„На Санадер во тоа време би му требале 64 години за да ги заработи парите што ги доби од провизијата. Тој како заменик министер требаше да ги штити државните интереси“, додаде Галешиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…