Home Шоубизнис Екипата од „Медена земја“ во друштво на холивудската и оскаровска елита

Екипата од „Медена земја“ во друштво на холивудската и оскаровска елита

Во Долби театараот во Холивуд се одржа церемонијална вечера на која присуствуваа сите номинирани за овогодинешните најпрестижни филмски награди кои ги доделува американската Академија за филмски уметности и науки, популарните „Оскари“.

Во друштво на холивудската и светска филмска елита присуствуваа и нашите филмаџии Тамара Котевска, Љубомир Стефанов, Самир Љума и Фејми Даут, кои се дружеа со филмски ѕвезди од рангот на Леонардо ДиКаприо, Роберт Де Ниро, Квентин Тарантино, Ал Пачино, Бред Пит и останатата холивудска елита.

Режисерката Тамара со јавноста на Фејсбук сподели неколку фотографии кои доловуваат еден мал дел од атмосферата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ли-Ен од „Литл микс“ возврати на споредбите со Џејд: Дневните стримови не го одредуваат мојот успех

Ли-Ен Пинок реагираше на објава во која корисник ги спореди слушањата на нејзиниот соло-ал…