Скандалот „Јавна соба“ продолжува да ја тресе Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Обвинителската истрага за случајот „Јавна соба“, македонска група регистрирана на социјалната платформа „Телеграм“ каде се објавени фотографии и видеа со експлицитна содржина на малолетни девојчиња, е во рана фаза.

Од Јавното обвинителство велат дека добиле извештај од Одделот за компјутерски криминал и судско вештачење, при Министерството за внатрешни работи, за групата од над 7.400 тинејџери, каде имало и возрасни.

Четири и пол илјади членови, без администратор и со ново име. Вака во моментот изгледа групата на телекомуникациската апликација  „Телеграм“  во која се споделуваат фото и видео материјали од девојки со експлицитни содржини.

Групата е сеуште активна и без запирање се постираат слики и клипови на девојки од Македонија и странство, приватни но и превземени од нивните профили на социјалните мрежи „Фејбук“ и „Инстаграм“.

Вулгарните коментари продолжуваат како и постирање на телефонски броеви од недолжни жртви.
Дел од членовите веќе се договараат за префрлање на друга мрежа „Дискорд“ наменета за гејмери каде би продолжиле со споделување на слики и видео записи.

Основачот на групата со псевдоним „Медо“ повеќе не постои. Тој ја избришл апликацијата „Телеграм“ од својот телефон и сега групата е оставена сама на себе. „Медо“ чиј идентитет не е познат тврди дека групата била креирана за сосема друга намена и дека неколку пати се обидел да ја избрише бидејќи работите излегле од контрола но не успеал.

Останува нејасно како тој како креатор на „Јавна Соба“  не може да ја избрише и секако зошто тоа не го сторил пред ситуацијата да ескалира.

Според информациите на „Телма“ неколку жртви чии фотографии завршиле во оваа група ги контактирале администраторите барајќи да бидат отстраните а нивниот идентитет заштитен но тоа не се случило.

Од МВР велат дека веќе побарале од „Телеграм“ групата да се затвори и заедно со обвинителството работат на утврдување на идентитетот на основачите но и на членовите во групата без разлика дали и какви содржини постирале и разменувале.

Групата „Јавна Соба“ постои подолго време а во јавноста се дозна откако неколку средношколци чии фотографии завршиле во оваа група проговориле за неа.

Професорка од скопско средно училиште го дигна алармот, а јавноста и невладините организации згрозени од содржината и коментарите бараат групата веднаш да се затвори и одговорност за администраторите но и лицата кои постирале содржини во неа.