Египетските научници открија 43 милиони години стар фосил од нов вид на кит со четири нозе


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Египетските палеонтолози нашле нов вид четириножен кит кој живеел пред отприлика 43 милиони години. Фосилот на водоземецот со латински назив Фиомицетус анубис (Phiomicetus Anubis) е откриен во египетската Западна пустина, областа на Сахара западно од реката Нил.

Неговиот череп личи на черепот на Анубис, староегипетскиот бог на мртвите кои имал глава на чакал, а по него го добил и латинското име, пишува Би-би-си.

Предците на денешните китови потекнуваат од цицачи слични на елените кои живееле на копно во текот на 10 милиони години.

Фиомицетиус анубис тежел околу 600 килограми, бил долг околу три метри и имал силна вилица за да го улови пленот, покажува истражувањето чии резултати се објавени во Збирката на трудови на Кралското друштво.

Палеонтолозите веруваат дека телото на овој морски цицач било прилагодено на пливање и на живот во вода, но и на прошетки по копно.

Делови од неговиот скелет се најдени во египетската Фајумска депресија, а го анализирале научници од Универзитетот Мансур.

Во таа денес пустинска област богата со фосили некогаш имало море.

„Пфиомицетус анубис е клучен новооткриен вид китови и е важно откритие за египетската и африканската палеонтологија“, кажа за Ројтерс главниот автор на истражувањето Абдула Гохар.

Иако ова не е првпат научници да откријат фосил на кит со нозе, се верува дека Фиомицетус анубид се најраниот топ на „полуморски“ кит откриен во Африка.

Првично се верувало дека китовите еволуирале во Јужна Азија пред околу 50 милиони години. Како нивните тела постепено сè повеќе се прилагодувале на водата мигрирале кон Северна Африка и Северна Америка, каде се најдени и останатите фосили.

Најновото откритие упатува дека раните китови отпливале таму од регионот на Јужна Америка.

Палеонтолозите сметаат дека китовите се култен пример на еволуцијата бидејќи се развиле од мали копитари во големи китови и постепено ги освоиле океаните.

Тим палеонтолози во 2011 година во Перу откри фосил на кит стар 43 милиони години, со четири нозе, кожичка за пливање и копита.

Овој древен кит би можел, токму поради екстремитетите и силната опашка, да се спореди со дабар или видра.