Живот

Едноставен лосион против мозолчиња од само две состојки

Сигурно сте забележале дека одредени состојки се повторуваат во голем број препарати за нега на проблематична кожа.

Таков е на пример случајот со маслото од чајно дрво кое го намалува воспалението, делува антибактериски, го спречува создавањето на нови и го забрзува лекувањето на постоечките акни.

Со додавање на кокосовото масли, за кое исто така е докажано дека делува антибактериски и антимикотички, многу едноставно можете да направите лосион притов мозолчиња.

Измешајте 30 милилитри кокосово масло со пет капки масло од чајно дрво и добиената смеса ставете ја во стерилна тегла.

Добиениот препарат чувајте го во фрижидер и по потреба нанесувајте го еднаш до двапати дневно директно на мозолчињата.

To Top