Home Актуелно Едно лице рането во пукотници, во полицијата раскажал кој пукал во него

Едно лице рането во пукотници, во полицијата раскажал кој пукал во него

На 13.08.2022 во 18.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Медицински центар Куманово со повреда во нога од огнено оружје бил донесен М.М.(40) од с.Липково, кумановско.

Според негово кажување, повредата со пиштол му ја нанел неговиот роднина и сосед Р.М.(58) од с.Липково, околу 17.30 часот во неговата викенд куќа во близина на с.Липково, со кого имале нерасчистени имотно-правни односи. За случајот е известен Јавен обвинител, а по издадена судска наредба од Основен суд Куманово бил извршен претрес во дом и други простории на Р.М., каде биле пронајдени пиштол „ЦЗ“ со рамка и два куршума и пиштол „Пиетро Берета“ и празна рамка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…