Повеќе од 60.000 луѓе во Сиднеј учествуваа во трката на задоволство


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Повеќе од 60.000 луѓе продефилираа низ улиците на Сиднеј по повод годишната трка и големата забава што се враќа во акција за прв пат од почетокот на пандемијата на ковид.

Трката на задоволство „City2Surf“, која минува низ најпознатите делови на Сиднеј, е долга 14 километри, објави Ројтерс.

Учесниците облекоа различни костими во форма на диносауруси, горили и суперѕвезди.

„City2Surf“ започна во 1971 година, а целта му е да собира пари за различни хуманитарни институции низ Австралија.

Претходните две години настанот беше откажан поради пандемијата, а организаторите одржаа виртуелни трки во тој период, дозволувајќи им на учесниците да трчаат во нивните населби.